ПРИСТИГНА ПРВИОТ ШТРК ВО МАКЕДОНИЈА, СЕ РАЗБИРА ВО ГНЕЗДО ВО БОГОРОДИЦА

Пристигна првиот штрк во Македонија. Како што не информираше нашата сограѓанка од Богородица, Драгица Станојковиќ, во четвртокот, на 23 февруари, тој пристигнал и си го зафатил гнездото, што се гледа од нејзината фотографија. Штрковите, како и ластовичките, се предвесници на пролетта.
 
Гевгелискиот регион,посебно селата Богородица и Стојаково кои се опкружени со вода и изобилство од храна,се сметаат за места со најголем број штркови во нашата земја за кои веќе почна да се води и посебна грижа поради податокот што нивниот број кај нас и во Европа,според последните пребројувања,покажува тенденција на намалување.
 
За овие преселни птици се вели дека гнездата ги прават само во еколошки чисти средини. Кај нас штрковите се задржуваат до средината на месец август,а повторно на југ се враќаат по празникот Макавеј.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *