ПРИ ПРОБИВАЊЕ НА БУГАРСКАТА БЛОКАДА НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1944 ГОДИНА ЗАГИНА КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ-ПИТУ

WEB Телевизија во живо

Откако на Питу му било сигнализирано дека е на мета на бугарските окупаторски власти, при обидот да го напушти Скопје, во Козле во близина на сега веќе некогашната фабрика „Алумина“ бил убиен од бугарски војник. Таму денес има спомен-плоча на македонскиот херој К.Ј. Питу.
 
Питу е еден од најславните борци на НОБ во Македонија, нејзин организатор, организатор на свикувањето на Првото заседание на АСНОМ, автор на неговите државотворни документи и народен херој.
 
Роден е во Прилеп 1915 година, се школувал во Прилеп и Битола, потоа студирал право на Белградскиот универзитет, каде имал видно место во студенското движење и активно работел на формирањето на македонското студентско друштво „Вардар“, а бил член и на МАНАПО.
Поради неуморната борба Кузман Јосифоски Питу бил нарекуван Гоце Делчев на НОБ (вториот Гоце).

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *