ПОРАКАТА НА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ „ИСКРА ШТО СЕ ИЗМОЛКНУВА“ ЌЕ ОДЕКНЕ НИЗ СВЕТОТ ПРЕКУ НОВИ ПРЕВОДИ.

Откако минатата година, пораката на Горан Стефановски од неговиот последен есеј „Искра што се измолкнува“ одекна на сите јазици на Европската Унија (ЕУ), годинава ќе одекне во превод од македонски на уште низа јазици. Виетнамски, корејски, турски, руски и српски се дел од јазиците на кои веќе е преведена тестаменталната порака на истакнатиот македонски драмски автор и есеист, а преводите ќе бидат објавени деновиве и во видео-формат. Веќе се очекуваат и уште неколку други преводи. Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) и по заокружувањето на чествувањето на 70-годишнината од раѓањето на Стефановски, остварувајќи една од своите цели – афирмација на македонските културни вредности во странските академски и културни средини преку соработката со филолозите од странство, продолжува со активности за вреднување и афирмирање на неговото дело.
 
„Сите живи суштества се раѓаат со инстинкт за преживување. Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето, за да преживеат, ткаат приказни. За нас нема ништо поважно од овие приказни. Тие се сржта на нашиот живот, ‘рбетот на нашиот идентитет.“
Ова е пораката на Горан Стефановски, која минатата година, со проект на Делегацијата на ЕУ во Скопје и Европската куќа во Скопје во соработка со МСМЈЛК при УКИМ беше преведена на сите јазици на ЕУ, при што учесници на школите, Меѓународната научна конференција и работилниците на МСМЈЛК при УКИМ подготвија 15 од преводите, со кои симболично, во пресрет на новогодишните и божиќните празници беше украсено и Горановото Дебар Маало. Овие преводи беа промовирани и во видео-формат. Сега, со преводите кои ќе ги објави МСМЈЛК при УКИМ, оваа порака на Стефановски ќе биде достапна и на јазици кои се говорат надвор од ЕУ, вклучително и на јазици кои се говорат воопшто надвор од Европа.
 
Преводите ќе се објавуваат на страницата на МСМЈЛК при УКИМ на социјалнта мрежа Фејсбук (https://www.facebook.com/msmjlk), при што пораката на Стефановски ќе биде претставена со прочит на преведувачите од странство – студенти по македонистика на странските универзитети и соработници на МСМЈЛК при УКИМ. Денес, веќе е и објавен првиот превод на пораката – од македонски на виетнамски јазик.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *