ООУ“ КРСТЕ МИСИРКОВ“ ГЕВГЕЛИЈА СЕНЗОРНО ЌОШЕ ВО УЧИЛНИЦАТА ЗА ПРОДОЛЖЕН ПРЕСТОЈ ЗА УЧЕНИЦИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

WEB Телевизија во живо

ООУ„ Крсте Мисирков“ Гевгелија од 2019-2020 година, веќе три учебни години соработува со Фондација за образовни и културни иницијативи„ Чекор по чекор“ каде што тројца наши ученици со попреченост од второ и трето одделение се корисници на стипендии преку донаторскиот Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“.

 Овој проект го спроведува оваа Фондација заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“-Incluziva Куманово и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак- Handimak “ -Disability Services Association од Тетово, а во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.

На 12.10.2022 година училиштето преку истиот проект доби понуда за аплицирање на грант/пакет за набавка на дидактички материјали за опремување на слободен агол во училницата за продолжен престој наречено „Сензорно ќоше“ финансиран од Европската Унија кој доделува грантови/пакети со поддршка на училиштата до Советодавното тело на Проектот(во кое членуваат претставници од МОН, МТСП,БРО,ЗЕЛС и др.) и истиот дидактички материјал беше одобрен и доставен во училиштето на 11.01.2023 година и целосно комплетиран на 26.01.2023 година. 

Целта на овој повик е да им се помогне на основните редовни училишта кај што учат учениците со попреченост – корисници на стипендии од истиот проект да ја подобрат својата инклузивност и физичка пристапност. Во тој контекст, Проектот во нашето училиште обезбеди финансиска поддршка со набавка на дидактички материјали за опремување на Сензорно ќоше чија што намена е подобрување на условите за учење, социјализација, рекреација и рехабилитација за овие ученици.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *