OГЛАСЕНИ ЗА ПРОДАЖБА 5 ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ ЗА ДОМУВАЊЕ ВО НАСЕЛБА „КАРАОРМАН“

Општина Гевгелија огласи на продажба 5 градежни парцели за домување во станбени куќи, сопственост на РСМ. Градежните парцели за домување во станбени куќи се наоѓаат на дел од КП 392/104, КО Гевгелија, на местото викано „Караорман“. Површините на парцелите се движат од 309 до 599 метри квадратни, а почетната цена по метар квадратен изнесува 61 денар. Продажбата на петте парцели ќе се одвива по пат на електронско јавно наддавање (www.gradezno-zemjiste.mk), на 29 март, 2023 година, почнувајќи од 09:00 до 11:00 часот, во траење од 15 минути за секоја огласена парцела посебно.
 
Заинтересираните правни и физички лица пријавите за учество на јавното наддавање треба да ги достават по електронски пат на следната интернет-страница: www.gradezno-zemjiste.mk, до 27.03.2023 година.
Повеќе информации за целата постапка можат да се најдат на следниот линк: Објава бр. 01/2023 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско наддавање

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *