ОД „ЕКО – СВЕСТ“ ПОРАЧУВААТ: НАШАТА ПРИРОДА НЕ Е НА РАСПРОДАЖБА! ВЕДНАШ ДА ПРЕСТАНАТ ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ ЗАФАТИ ВО ЗАШТИТЕНИТЕ ПОДРАЧЈА

WEB Телевизија во живо

Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“, со соопштение до јавноста реагира за заштита на природата во земјава.
 
„Природата во нашата земја не се зачувува вистински бидејќи власта гледа на заштитените подрачја како на ресурс кој треба да се искористи, а не да се заштити за следните генерации. Загрижени сме бидејќи бизнис интересите се ставаат пред јавниот интерес!
Во изминатиот период државата поттикна заштита на природата преку прогласувањето на нови заштитени подрачја, изготвување на нови студии за валоризација на вредностите како и нови планови за управување на заштитените подрачја. Тоа е за поздрав и претставува напредок. Заштитените подрачја изобилуваат со уникатни природни богатства и се дом на ретки и ендемични животински и растителни видови.
 
 Природата е и извор на чиста вода, воздух и храна за сите луѓе и е важен дел од животот на локалните заедници, поврзана е со културата и традицијата.
Но, државните институции не се „на иста линија“ , а на тоа укажува тоа што прогласуваат подрачја за заштита и истовремено планираат инфраструктурни проекти на нивната територија кои неминовно значат нивно уништување.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *