НА ТОП ЛИСТАТА НА СВЕТСКАТА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА „ТASTE ATLAS“ ЗА НАЈДОБРИ ПЕЧИВА СЕ НАЈДЕ И МАКЕДОНСКИОТ ЗЕЛНИК

Светската енциклопедија за традиционални јадења „Tејст атлас“ („Атласот на вкусот“) објави топ-листа најдобро оценети печива во светот. На списокот, поточно на 50-то место се најде и македонскиот зелник.
 
Од нашите соседи, во првите 20 се бугарската баница со сирење, босанскиот бурек и зељаница, хрватскиот бурек со сирење, грчката бугаца, турската баклава, „Газијантеп“ баклавата итн.
 
Зелник е традиционална македонска пита која може да се наполни со различни состојки како сирење, спанаќ, јајца, месо, праз или зелка. За подобар вкус, зелник треба да се премачка со путер и масло пред да се пече, за питата да добие златно-кафеава боја.
Зелникот е најдобар кога се служи топол, а се препорачува да се комбинира со чаша јогурт.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *