НА СПИСОКОТ НА КАДЕТСКАТА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА СЕ НАЈДОА И БРАЌАТА УЗУНЧЕВИ

WEB Телевизија во живо

НА СПИСОКОТ НА КАДЕТСКАТА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА СЕ НАЈДОА И БРАЌАТА УЗУНЧЕВИ, ПОНИКНАТИ ВО „ПАРТИЗАН“ ГЕВГЕЛИЈА И НИКОЛОВСКИ, ЧЛЕН НА „МЛАДОСТ 1977“ ОД БОГДАНЦИ
 
Пред некој ден беше објавен списокот на тренерот на машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија, Стојановиќ на ракометари кои се повикани на собирот во Скопје, а во склоп на ЕХФ неделата. 
 
На овој список се најдоа браќата Тодор и Димитар Узунчеви, некогашни членови на „Партизан“ од Гевгелија, а сега и двајцата настапуваат за РК „Мулти Есенс“, како и ракометарот на „Младост 1977“ од Богданци, Антонио Николовски.
Во рамки на ЕХФ неделата, кадетската репрезентација на Македонија ќе одигра два контролни натпревари против репрезентацијата на Романија.
 
Натпреварите се предвидени да се одиграат на 11 март во 18:00 часот, и на 12 март во 12:00 часот во спортската сала Автокоманда. Собирот на ракометарите ќе биде на 8 март.
Овие натпревари се дел од подготовките за настапот на кадетите на претстојното Светско првенство во август во Хрватска.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *