НА 16-ТИ ФЕВРУАРИ НОВА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА ЗА ДЕЦА „ТАЈНАТА КНИГА НА ДЕДО“

Во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, во Народниот театар- Гевгелија, утре (16 февруари, 2023 година), ќе биде одиграна театарската претстава за деца „Тајната книга на дедо“.
 
„Тајната книга на дедо” е претстава за деца која низ ликовите на сестричките, дедото, животните и џинот, на детски, забавен и волшебен начин, нѐ учи за вистинските вредности, за другарството, предрасудите и почитта кон постарите. Низ оваа приказна не водат Сара иТара, две сестрички кои имаат заедничка мисија – да ја пронајдат тајната книга на својот дедо и да откријат какви тајни се чуваат во неа! Со итар план, успеваат да го натераат дедо им да ги остави сами, за да ја најдат таа тајна книга. Штом ќе јапронајдат, се впуштаат во еден нов волшебен свет на зајакот, желката, лисецот иџ инот! Дали ќе ја откријат најголемата и најважна тајна?
 
Автор – НадицаПетрова
Играат: Надица Петрова Филип Миленкоски Пируника Киселички Ванеса Тримчевска
Продукција – Театар Златен Елец
Претставата е наменета за деца над три години, за нивните родители и за сите театарски љубители.
Претставата трае 40 минути, започнува во 18 часот, а влезниците се по цена од 100 денари.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *