НА 13 ФЕВРУАРИ, СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ЈА ОДРЖИ 23. СЕДНИЦА

Советот на Општина Гевгелија, на 23. седница, која ќе се одржи на 13 февруари, 2023 година, ќе расправа за Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година (за периодот 1.01-31.12.2022 година и Завршната сметка на Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година. 

На оваа седница, Советот на Општина Гевгелија ќе ги разгледува и Извештаите за реализација на буџетските Програми за: уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија; изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Гевгелија и активностите на Општина Гевгелија во областа на социјалната заштита и еднаквите можности на жените и мажите за 2022 година.
 
Исто така, на седницата ќе се расправа и за финансиската поддршка на носители на проекти од областа на спортот и културата и финансиската поддршка на Месните заедници и НВО-секторот во 2023 година. Седницата ќе се одржи во Малата сала во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *