НА 1 ФЕВРУАРИ 1834 ГОДИНА ВО ОХРИД Е РОДЕН КУЗМАН ШАПКАРЕВ, ЕДЕН ОД ПРВИТЕ МАКЕДОНСКИ УЧЕБНИКАРИ

Во Охрид, на денешен ден 1834 година е роден Кузман Шапкарев, еден од најзначајните собирачи, публикувачи, афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари. 

Ги објави делата “Зборник на народни умотворенија, наука и книжнина”, “Материјали за животописот на браќата Миладиновци Димитрија и Константин”, како и осум учебници што ги напиша за потребите на училиштата на Македонија.
 
До промена во неговиот живот дошло кога му понудиле да го заземе учителското место на неговиот чичко. Така станал учител и учителствувал во Битола, Охрид, Струга, Прилеп и Кукуш на грчки и бугарски јазик. Тогаш ги запознал Димитрија и Константин Миладинови.
 
По стапките на Димитрија Миладинов, кој му станал дедо, зашто Кузман се оженил со неговата ќерка, почнал да собира народни песни и умотворби.
Умре во Софија, на 18 март 1909 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *