КОНЕЧНО ЗАТВОРЕНА СТАРАТА ДЕПОНИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА КОЈА ЌЕ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ЗЕЛЕНА ПОВРШИНА

WEB Телевизија во живо

Се чини дека Гевгелија го реши деценискиот проблем со дивата, стара „депонија“, која со години наназад создаваше големи еколошки проблеми на жителите на Гевгелија. Со ова веќе се создадени сите предуслови за надминување на проблемите поради неисполнување на еколошките норми и стандарди и честите запалувања.
 
Со проектот за ревитализација на оваа депонија се изгради уште еден потпорен ѕид од северната страна на Сува Река, комуналниот отпад на оваа дива депонија беше покриен со заштитна прекривка- геотекстил, врз која има тампон од песок и земја. По ова, по целата површина од депонијата ќе биде засадена трева и местото ќе биде хортикултурно уредено и претворено во зелена површина.
 
По затворањето на дивата депонија, целиот комунален отпад во наредниот период ќе се депонира на Новата времена депонија кај Ново Конско.
Целиот проект се реализираше со доделениот грчки грант, односно, неискористените 420.000 евра доделени од Грчката влада, за изградба на прочистителната станица кај Сува Река, согласно потпишаниот трилатерален договор меѓу Швајцарската, Грчката и Македонската влада.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *