КОЛКУ ПАРИ ДОБИЈА ГЕВГЕЛИСКИТЕ КУЛТУРНИ УСТАНОВИ, ДРУШТВА И ЗДРУЖЕНИЈА ОД ГОДИШНИТЕ КОНКУРСИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА?

На својата веб-страница (www.kultura.gov.mk) се објавени резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година.
 
Во системот се евидентирани 3355 пријави, поднесени од: физички лица, здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и други правни лица регистрирани во Република Македонија во согласност со закон.
На списокот на оние кои добија финансиски средства во Општина Гевгелија се најдоа :
 
Јавната општинска установа-библиотека ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ – Гевгелија,
Обнова на книжен фонд 100,000 денари
 
Здружението на граѓани за локален уметнички и културен развој АРТ ЕКВИЛИБРИУМ Гевгелија „БОШ 15 фестивал – Јубилејно издание“ во рамките на интердисциплинарни дејности 498,179 денари
 
НУ МУЗЕЈ – ГЕВГЕЛИЈА
Печатење на влезни билети 10,000 денари
Изложба “Монети од римскиот период од нумизматичката збирка на НУ Музеј Гевгелија 20,000 Системски археолошки истражувања на римскиот хоризонт на античка Гортинија (лок.Вардарски Рид) 200,000 Долно Повардарје (Амфакситида) во антика – Системски археолошки истражувања на лок.Брданов Камен 200,000 денари
 
Ансамбл за традиционална музика и игри БОЈМИЈА Гевгелија
Концертни активности на Ансамбл БОЈМИЈА 193,873 денари
Годишна програма и работа 152,116 денари
 
Културно уметничко друштво ТАНЕЦ Миравци
Летна работилница за изучување на музичкиот инструмент-Тапан 51,721 денари
Манифестација Ѓура Мара 2023 96,907 денари
 
Здружение Културно уметничко друштво НЕГОРЦИ с.Негорци
Втор меморијален фолклорен фестивал ,,Засекогаш со нас”. 52,57 денари

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *