ЈАВНА ДЕБАТА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „ НИЗ ЖЕНСКИ ЛЕЌИ“

WEB Телевизија во живо

На 17.02.2023 од 12:00 часот ќе сеодржи јавна дебата на тема “Улогата на граѓанскиот сектор во воведување на родово сензитивни процедури и практики при подготовка на општинските програми” во просториите на салата Општина Гевгелија. 
 
Учесници на дебатата ќе бидат претставници од општината, Регионален центар за одржлив развој, тимот „Низ женски леќи“, локалните граѓански организациикако и пошироката јавност.
 
Јавната дебата се одржува во соработка со локалната граѓанската организација Регионален центар за одржлив развој – Гевгелија која го имплементира проектот: „Еднаквост и можности за сите!„ во рамки на програмата за подгрантисти на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост “.
 
Јавните дебати се организираат во рамки на проектот “Низ Женски Леќи” кој е финансиски поддржан од Европската Унија. Ставовите и гледиштата искажани на дебатите се единствена одговорност на имплементаторите на проектот и во ниеден поглед не ги искажуваат ставовите на Европската Унија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *