ЈАВНА ДЕБАТА НА МЛАДИНСКИОТ СОВЕТ ЗА МЛАДИНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ

Локалниот младински совет започна со активности за афирмација на младинското тело на Општина Гевгелија и зајакнување на соработка со младите од општина Гевгелија, со цел застапување на интересите и реализирање активности согласно нивните предлози, иницијативи и идеи. 

Во Малата сала на Народниот театар, Локалниот младински совет одржа дебата на тема: „За сите млади кои имаат идеја“ со ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија и основните училишта во Гевгелија.
 
Имено, пред аудиториумот членовите на ЛМС и службеникот за млади се претставија и ги презентираа надлежностите на младинското тело и усвоената Програма за работа во 2023 година. 

Исто така, низ дискусија беа идентификувани и потребите на младите од општина Гевгелија кои ќе бидат земени предвид во изработката на Стратегијата за млади на Општина Гевгелија и акциониот план за реализација на активности од значење за младите во областа на спортот, културата, неформалната едукација, заштита на животната средина и сл.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *