ИГОР ДРВЕНКАР Е НОВИОТ ПЕЈАЧ НА „ПАРНИ ВАЛЈАК“

Eдна година по смртта на легендарниот Аки Рахимовски, групата се чини ја продолжува својата кариера со нов пејач. Се работи за момчето од Подравина, Игор Дрвенкар. Најпрво се шпекулираше дека достојна замена може да биде синот на Аки, Кики Рахимовски (41), кој има многу сличен глас на неговиот татко, или пејачот Дино Јелушиќ (30), кој претходно изјави дека би сакал да работи со Ваљко. дури се спомна и младиот Филип Рудан (23), чија младешка страст на сцената неизмерно потсетува на онаа на Аки. 
 
Но, ниту еден од споменатите тројца нема да биде главен вокал во бендот, бидејќи гласот на пејачот Игор Дрвенкар (31) најмногу „му прилегал“ на Хус и на останатите членови на Ваљак.
Групата веќе наголемо се подготвува, имаат секојдневни музички проби, имаат снимено неколку песни, чиј автор е , нормално Хус, и наскоро се очекува да излезе и првиот сингл.
Во иднина ќе настапуваат под името „PARNI VALJAK FEAT IGOR“.
 
А, кој е всушност Игор Дрвенкар, кој ќе ја има таа тешка задача да го замени „незаменливиот“ Аки.
Игор на пошироката хрватска јавност и е најпознат како еден од најдобрите хрватски млади пејачи , но покрај тоа, тој се занимава и со музичка продукција, компонирање музика за други пејачи, а моментално е ангажиран во проектот на загрепскиот театар Комедија, каде ја игра улогата на Ѕверот во мјузиклот „Убавицата и ѕверот“.
 
Инаку, Игор го привлече медиумското внимание со учеството во А страна, секако едно од најдобрите музички шоуа во Хрватска и регионот. Останува, за македонската публика, неговата извонредна интерпретација на песната „Цреша“ на нашиот ангел Тоше Проески.
 
Игор долги години пееше во својот бенд ГЕА,со кого го снимија албумот „Сеуште може да те изненадам“, за да минатата година го напушти бендот и да се посвети на соло кариера. Ја сними баладата „ За нас постои едно место“ со која настапи на Загребскиот музички фестивал.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *