ФИЛМОТ „НЕБЕСА“ НА СРЃАН ДРАГОЈЕВИЌ ПРЕД ГЕВГЕЛИСКАТА ПУБЛИКА ЌЕ СЕ ПРИКАЖУВА НА 23 ФЕВРУАРИ

На 23 февруари, 2023 година, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, во Народниот театар- Гевгелија ќе се прикажува филмот „Небеса“. Емитувањето ќе започне во 19:30 часот. Билетите чинат 150 денари, а веќе се пуштени во претпродажба и можат да се купат во Народниот театар, во периодот од 08:00 до 16:00 часот и на самиот ден, пред почетокот на прикажувањето на филмот.
 
Имено, „Небеса“ во режија на Срѓан Драгојевиќ“ е црна комедија инспирирана од трите приказни на францускиот писател, Марсел Аиме. Приказните за влијанието на чудата врз посткомунистичкото општество во транзицискиот период се одвиваат во 1993-та, 2001-ва и 2026-та година. Појавата на чуда е одговор на колективната свест на промените, кои ја присилуваат целата заедница светот околу себе, превртен наопаку да го гледа воново светло и чудесна перспектива. 

Овој филм поставува некои од суштинските прашања на современиот свет – Веруваме ли во Христа или се поклонуваме на Златното теле – идолот кој ги опредметува парите, конзумеризмот и алчноста? Како да го разликуваме Божјиот Дар од Искушението на Ѓаволот? Кога е Божјата милост, всушност, клетва? НЕБЕСА е филм кој поставува бројни прашања, но не нуди едноставни одговори, туку им остава на гледачите слобода сами да размислуваат за нив.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *