Д-Р РИСТО ВУЧКОВ, СТРУЧЊАК ЗА ЗАШТИТА НА РАСТЕНИЈАТА:

ДОКОЛКУ И ПОНАТАМУ НEМА ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И СНЕГ, ТОА НЕГАТИВНО ЌЕ СЕ ОДРАЗИ НА КВАЛИТЕТОТ И КВАНТИТЕТОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ПРОИЗВОДСТВО!
 
Рекордно високите температури оваа зима низ Европа, па и во Македонија помагаат да се избегне енергетската криза. Но, од друга страна тие може да донесат лоши вести за земјоделците и цените на храната. Кога температурите се зголемуваат премногу високо, тоа предизвикува раст на цените на храната.
 
За тоа, како ќе влијае евентуалниот недостаток на вода врз квалитетот и квантитетот на земјоделското произвоство разговаравме со д-р Ристо Вучков, стручњак за заштита на растенијата.
 
„Факт е, истакнува Вучков, дека во последните неколку години имаме сушни зими, што создава недостаток на вода во земјата. Тоа најдобро се гледа од фактот што сите вештачки акумулации во земјава се на својот технолошки минимум. Така и оваа 2023 година имаме сува зима без врнежи од дожд и снег, и ниски ноќни температури. 
 
Водата е многу битен дел за развој на сите земјоделски култури, а недостатокот на вода негативно влијае врз развојот на растителните култури и врз квалитативниот и квантитативен аспект на земјоделското производство.
 
Најголемиот проблем, според мене е тоа што огромни делови од македонското обработливо земјиште се потпираат на водоносни слоеви кои се надополнуваат со топење на снегот.
 
Снегот е многу добар за наводнување на почвата бидејќи ја покрива земјата и малку по малку се топи, па водата полека и долг период се апсорбира. Спротивно на тоа, обилниот дожд често истекува по површината — особено кога паѓа на суво земјиште кое е помалку способно да апсорбира вода.
 
Сведоци сме на едно „тектонско“ пореметување, предупредува Вучков, каде сред зима наместо снег имаме сончеви денови, со ниски утрински температури кои кај некои култури, особено кај овошните култури, како јаболката, крушите, сливите, кајсиите, црешите и грозјето, ќе предизвикаат штети од мраз, Сите овие температурни амплитуди, ако продолжат и натаму, ќе предизвикаат во наредниот период намален квалитет и квантитет на земјоделското производство.
 
Трагично е што ако до крајот на зимата, до 22 март, или најдоцна до половината на април немаме пообилни врнежи од снег или дожд, ситуацијата може да стане критична.
 
Затоа, како стручњак, апелирам, истакнува Вучков до земјоделските производители, па и граѓаните, дека е потребно рационално искористување на постојните водни потенцијали, да се кориси повеќе системот „капка по капка“ а не наводнување преку бразди, подземни бунари, бидејќи тоа е времено решение.
 
Сепак, вели на крајот д-р Вучков, јас сум оптимист, и се надевам дека во наредниот период ќе има врнежи и дека ќе имаме добар почеток на земјоделската сезона.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *