ДОБРИЛА ЧАБРИЌ ВО БЕЛГРАД УЖИВА ВО СВОЈАТА „ВТОРА“ МЛАДОСТ И НЕ ГО ГУБИ ЧУВСТВОТО ЗА ХУМОР

Дојранчанката Добрила Чабриќ – македонската супер бабичка на која сите ѝ симнуват капа, во моментот се наоѓа во Белград каде ја промовира својата автобиографска книга „На патот кон 100“
Таа, пред неколку години, на нејзини 90 години стана победник на ветераните во шоуто „Никогаш не е доцна“ во Белград. Тогаш го освои целиот регион со својот ведар дух, поради кој никој не ѝ веруваше дека има толку години.
 
Жената која е вистински доказ дека годините се само бројка, на 1 февруари оваа година го прослави својот 95-ти роденден, со промоција на нејзината книга во Белград и во Земун. Кога ја побаравме да ја прашаме како си поминува, таа весело одговори:
 
„Не очекував толку големо внимание со кое ме пречекаа мене и мојата книга во Белград. Тука ја живеам својата „втора“ младост. Одам од промоција на промоција, и уживам во секој момент.
Бев гостинка, заедно со Жељко Самарџиќ во емисијата „Никогаш не е доцна“, која ќе се емитува оваа недела на ТВ Сител. Има една анегдота во врска со Самарџиќ, кога тој ми пријде и побара да му се потпишам на примерокот од мојата книга, јас онака со белградски шмек, го прашувам, „А, извинете, како се викате?“
 
Искрено, ме расплака еден мој обожавател, поет, кој во моја чест напиша и песна за мојот роденден. За кратко време се враќам во Македонија, за да ја печатам македонската верзија на мојата книга, која ќе има нова насловна страна.“
Да ја завршиме денешната приказна за Доби со еден дел од таа книга
 
ЗОШТО ГО ИЗБРАВ ДОЈРАН
Во 1972 година, во паузата од моите турнеи, решив да одам во Гевгелија и да се видам со моите роднини. Нешто ме влечеше. Некоја чудна сила ме повлече како магнет да ја видам куќата во која пораснав, да ги видам сите сестри од тетките, а беа пет (сега се уште две) и така стигнувам до мојата Марика со која пораснав. Таа, веќе мажена, со сопругот во автомобилот, по десет години ме пречека со вресок во местото каде што бев. Еве ме, дојдов да ве бакнам сите. Изгледа како да сте на пат за некаде, ги прашав. „Да, но и вие доаѓате со нас. Ве носиме во Дојран. Изградивме викендичка таму.“ И, кога стигнавме, уморна од патувањето, ненаспиена, излегов на терасата и бев маѓепсана од глетката, воздухот, езерото, посебниот мирис на тој воздух измешан со испарувања од езерото кое е полно со јод, алги и планината Беласица од која се чувствува силата на природата. Фасцинирана реков „има ли и за мене место тука?“. Секако! Прекрасно! „Утре купувам!“ И така утредента во општина Гевгелија ја завршивме целата документација, затоа што мажот на сестра ми Марика работеше во општината и така сè помина без проблеми. Имам среќа што имам парцела, па кога престанав со турнеи, изградив куќа на Дојранското езеро и ќе живеам таму до крајот на мојот живот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *