ДЕНЕС СЕ ОТВОРА МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ НА ТУРИЗМОТ ВО БЕЛГРАД, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВААТ ОПШТИНИТЕ ГЕВГЕЛИЈА, ДОЈРАН, РЕСЕН, КРУШЕВО И ОХРИД

Околу 350 излагачи од 33 земји, меѓу кои и осум нови земји од африканскиот континент, ќе се претстават на 44. Меѓународен саем за туризам во Белград, под слоганот „Кога е одмор, не е тешко“ од 23 до 26 февруари 2023 година.
Континуирано присутни на саемот и годинава се : Турција, Грција, Црна Гора, Тунис, Бугарија, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Македонија… како и минатогодишните учесници – островот дестинации Малдиви, Сао Томе и Принципе.
 
За прв пат на овогодинешниот саем ќе бидат претставени следните туристички атракции, природни убавини и особености: Алжир, Бурунди, Камерун, Брегот на Слоновата Коска, Габон, Екваторијална Гвинеја и Намибија.
Во рамките на саемските денови од денес до 26-ти февруари своите туристички потенцијали освен општината Гевгелија, ќе ги претстават и Општините Дојран, Ресен, Крушево и Охрид ќе ја прикажат природната убавина, богато културно наследство и гурманско искуство, заедно со ХОТАМ, Глобус травел и хотел Мизо.
 
Саемот ќе биде посетен од делегација на повеќе од 50 македонски туроператори и хотелиери, како и претставници од Универзитетот за туризам и менаџмент кои ќе земат учество во Б2Б состаноците промовирајки нови пакети и атракции, отварајќи можности за исполнување на целта за 2023 година од 3,2 милиони ноќевања со повеќе од 550 милиони долари промет од туризмот и угостителството во македонската економија, велат од АППТ.
Потенцираат дека српскиот пазар е еден од најбрзо растечките пазари за македонскиот туризам споредбено 2019/ 2022 година.
 
Во 2022 година 11% од странските туристи односно повеќе од 63000 туристи и повеќе од 130000 ноќевања остваиле српските туристи, наметнувајки ја потребата од интегриран маркетинг и зајакнат промотивен пристап во 2023 година. Воведувањето на авионската линија Белград – Охрид четири пати неделно од јуни преставува голем предизвик и можност која треба да овозможи продолжување на позитивниот раст и во 2023 година на српските туристи, додаваат од АППТ.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *