ДЕНЕС, НА 1 ФЕВРУАРИ, НА СВОЈОТ 95 РОДЕНДЕН, ДОБРИЛА ЧАБРИЌ ВО БЕЛГРАД ЈА ПРОМОВИРА СВОЈАТА КНИГА „НА ПАТОТ КОН СТОТКАТА“

Ако Тина Тарнер е најубавата бабичка во поп музиката, тогаш Добрила Чабриќ, највозрасната пејачка на Балканот, ако не и пошироко, слободно може да го носи епитетот „челичната музичка дама“ од Дојран. Секогаш со позитивна енергија, секогаш расположена за песна и игра, Доби на 1 февруари 2023 година ќе го прослави својот 95 роденден. И, повторно, тоа ќе го направи на свој посебен начин, со промоција на нејзиниот автобиографски роман „На патот кон Стотката“, кој најнапред излегува на српски јазик, за да по извесно време, истиот ќе излезе и на македонски јазик.
 
Српското издание на ова исклучително интересно дело,кое е печатено во 500 примероци е во издание не „Лотина“ од Белград, која се занимава со издавање книги и соработка со автори, чиј директор е Рада Лотина.Таа е лектор на книгата, ја направи техничката подготовка и е автор на насловната корица.
 
Промоцијата на книгата за животот на Добрила Чабриќ, жената со голем дух во мало тело, дух кој гори но не старее, ќе се одржи во Арт клубот „Полет“ во Белград, на 1 фвруари (среда ) во 18 часот.
Инаку, рецензенти на книгата се познатиот македонски новинар Реџо Балиќ, и Весна Бановиќ. Реџо Балиќ во своето писание ќе напише „Тоa е всушност автобиографски есеј на мултимедијално и мултиуметничко чудо Добрила Чабриќ, витална девојка во поодминати години, завидна и психичка и физичка состојба со важечка возачка дозвола – до сто и назад.“ Весна Бановиќ ќе признае дека „целата животна филозофија на Доби е да се живее и да се биде жена која во основа ја сака љубовта. Да, љубов кон сè, кон соседите, земјата, водата, животните, дрвото, едноставно за сè.“
 
На промоцијата, на која се поканети голем број на познати личности од српската естрада и новинарството, свои обраќања ќе имаат и самиот издавач Рада Лотина како и дипломираниот филозоф и новинар Билјана Антиќ.
За да биде се како што треба, кога се работи за книга на познат естраден уметник, промоцијата мора да биде збогатена и со музика. Ќе настапат вокалните солисти Јагода Крнетиќ Јефтиќ и Љиљана Филимоновиќ, а музичкиот дел ќе го збогатат оперскиот пејач, Илија Николиќ како и солистот на хармоника, Слободан Тошиќ.
 
Книгата започнува со приказната за мајката на Добрила , Милка, која знаела често да и каже: „Ќерко, не се потпирај на други,потпирај се на себе и своите способности, зошто „туѓа рака не може да ве почеша како самите вие“. Што и да посакате, проверете дали сте во можност да го постигнете. Ако не можете, престанете да сакате“, а завршува со шоуто „Никогаш не е доцна“ во кое Доби излезе како победник со два микрофони, едниот од Жика, а другиот од публиката која и ги даде своите гласови и со тоа ја награди со голема љубов и голема популарност која продолжува до ден денес. А, помеѓу почетокот и крајот на оваа книга, за која одговорно тврдам дека ќе биде бестселер, Добрила го распослала сиот свој живот пред читателската публика, од светлата и сјајот на Париз, па се до темните денови во Солунскиот затвор.
 
Кога ја прашавме Доби, пред да замине за Белград, што би порачала за читателите на „Вечер“, пред промоцијата, таа мошне емотивно ни кажа:
Почитувани читатели, ви благодарам што ме инспириравте да ја напишам оваа книга за себе „НА ПАТОТ КОН СТОТКАТА“. Моето животно патување кое нема крај, бидејќи иако сега имам 95 години, се чувствувам млада затоа што сум со млади луѓе кои ми ја даваат мене убавината на животот, да патувам низ животот до стотка и понатаму…
 
Времето лета, годините минуваат, но мојата желба за живот е посилна од смртта.Постојам и ќе постојам, додека сум жива, ќе бидам активна како што сум до ден денес, бидејќи по „Никогаш не е доцна“, јас преживеав корона, преживеав две сообраќајки, со автомобили, два фестивала во Охрид и во Варна каде ја освоив првата награда на Интернационалниот фестивал на кој учествуваа пејачи од 14 земји.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *