ДЕЛ ОД ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ОПШТАТА БОЛНИЦА ГЕВГЕЛИЈА ИЗЛЕГОА НА МИРЕН ПРОТЕСТ

Дел од здравствените работници од Општата болница со проширена дејност Гевгелија денеска ја искористија паузата од 10 до 10,30 часот за мирен протест, во дворот на болницата, преку кој бараат да се потпише Колективен договор за израмнување на платите според последната корекција на минималната плата од 2022 година, како и неисплатениот регрес.
 
Дополнително, протестот се организираше и поради незадоволството од незаконското доцнење на платите, поради хакерскиот напад на системот на Фондот за здравство.
Сепак, дел од синдикатите на здравствените работници, како што е независниот медицински синикат се повлекоа од најавите за тужби кон ФЗО и не организираа протести, откако почна исплатата на јануарската плата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *