БЛАЖЕ МИНЕВСКИ:

ИАКО МОЈОТ РОМАН ЗА ЉУБОВТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И ЈАНКА КАНЕВЧЕ СПОРЕД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА НЕ Е ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС, СЕПАК ЌЕ ГО ПЕЧАТИМЕ СО ПОМОШ НА СПОНЗОРСТВА И ДОНАЦИИ
 
Во Македонија не смее да се објави роман за Гоце Делчев! Министерството за култура на Македонија, со одлука на министерката Бисера Костадиновска – Стојчевска го одби мојот роман за љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче!
 
Како што соопштија од министерството, романот “Ако се родат некакви чувства” не е од “национален интерес” и неговото објавување нема да биде финансирано со средствата предвидени за таа намена во буџетот.
 
Бидејќи романот е одбиен од политички причини, се поставува прашањето чиј “национален интерес” штити македонското министерство за култура? Факт е дека првпат во Македонија се случува љубовен роман да биде забранет без да биде прочитан, односно да не биде објавен поради политички причини.
 
Во оваа, и ваква Македонија, очигледно Гоце Делчев не може веќе да биде ниту книжевен лик! Книгоиздателството “Матица македонска” од Скопје ќе се обиде со претплата на читатели од земјата и странство, со донации и спонзорства, сепак да го објави романот на Миневски, ( кој има околу 500 страници и прилог со многу ексклузивни фотографии и документи) до почетокот на април а големата, сенародна промоција е планирана за 4 мај, денот на убиството на Гоце Делчев пред 120 години во Баница! За три дена, во Матица стигнале околу 200 претплати! Меѓу претплатниците, најмногу се од Австралија, Америка, Германија, Швајцарија, Австрија, Словенија и, замислете, од Пиринска Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *