АТЛЕТИЧАРИТЕ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ ЈА СТАРТУВАА СЕЗОНАТА СО УЧЕСТВО НА ТРЕИЛ ТРКАТА ЗА ВИНО И ЉУБОВ ВО ГОРНИ ДИСАН, НЕГОТИНО

Денеска, на 18 февруари 2023 година (сабота), со старт и финиш пред Планинарскиот дом „Дедо Иљо Јанчев“, во Горни Дисан, Неготино, се одржа „Треил трка за вино и љубов“, прва од ваков тип во Неготино.
 
На оваа прва трка во новата сезона, учество зедоа и атлетичарите на АК „7-ми Ноември„, Ѓорги Чучанов, Марко Чучанов, Ангел Арнаудов, Николчо Костадинов, Живко Петков, Мијалчо Андоновски и Дарко Прошев
 
„Треил трката за вино и љубов“ е инспирирана по примерот на винските трки во Франција и Италија, а замислена е да биде забава и дружење со што ќе се излезе од рамките на класичните траил трки со цел да се ужива во природата и да се започне денот со радост. 
 
Последниот зимски, а првиот пролетен празник Св. Трифун, беше инспирацијата од која произлезе оваа трка чија крајна цел е промоција на винскиот крај на Горни Дисан и Неготино.
 
И затоа мотото на трката е: „Стартувај, уживај, радувај се! Во тебе е клучот.“Патеката беше долга 7 километри со 300 метри висинска разлика, а учество зедоа над 50-на треил тркачи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *