7 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА НИКО НЕСТОР, ПРВИОТ МАКЕДОНЕЦ И ПРВ ПЛИВАЧ ОД ТОГАШНА ЈУГОСЛАВИЈА ШТО ГО ПРЕПЛИВАЛ КАНАЛОТ ЛА МАНШ

WEB Телевизија во живо

Нико Нестор (роден како Никола Несторов), основоположник на македонското маратонско пливање и прв Македонец што го преплива Ла Манш, починал на 26 февруари во Скопје во 82-та година од животот.
 
Нестор беше предводник на славната генерација македонски пливачи маратонци заедно со Климе Савин, Атина Бојаџи и Дики Бојаџи кои ги поставија основите на македонското маратонско пливање.
На 19 август 1958 година година Нико Нестор стана првиот пливач што го препливал Охридското Езеро од Св .Наум до неговата родна Струга.
 
Една година подоцна, на 9 септември 1959 година, Нестор го направи историскиот подвиг – стана првиот Македонец и првиот пливач од тогашна Југославија што го препливал каналот Ла Манш.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *