60.000 ЕВРА ИЗДВОИ ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЗА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА. СЕ ВОЗОБНОВУВА ДЕТСКИОТ ФЕСТИВАЛ „КАЛИНКА“

WEB Телевизија во живо

Околу 60.000 евра додели Општина Гевгелија за проекти од областа на културата во 2023 година. Оваа сума им е доделена на 35 правни и физички лица од 36 кои се јавија на распишаниот Конкурс од страна на Градоначалникот на Општината за финансирање на проекти од областа на културата од интерес на Општина Гевгелија.
 
Советот на Општина Гевгелија ја усвои оваа Предлог програма на 23. Седница а покрај одобрената финансиска поддршка за самостојните проекти, Општината ќе ги поддржи програмските активности на трите Јавни општински установи- Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, со 300.000 денари, Библиотеката „Гоце Делчев“- Гевгелија, со 150.000 денари и Пионерскиот дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија со 80.000 денари, за реализација на проекти и манифестации од различни области на уметноста. 150.000 денари се издвоени за одбележување на Патрониот празник на општина Гевгелија, Спасовден и Општинскиот празник, 7 Ноември.
 
Радува податокот што по неколкугодишна пауза, повторно се обновува Интернационалниот детски фестивал „Калинка“, еден препознатлив гевгелиски музички бренд, кој ќе се финансира со 500.000 денари.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *