14 УЧЕНИЦИ ОД ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА НЕ ГО ПРОДОЛЖИЈА СВОЕТО ШКОЛУВАЊЕ ВО СВОИТЕ УЧИЛИШТА ПОРАДИ ИСЕЛУВАЊЕ

Бројни се македонските училишта од каде децата се испишуваат, и заминуваат во странство заедно со родителите.Слична, но не толку изразена е ситуацијата и во Општина Гевгелија.
 
Вкупно 14 ученици од гевгелиското средно училиште „Јосиф Јосифовски“ и основните училишта „Ристо Шуклев“, „Крсте Мисирков“ и „Владо Кантарџиев“ не го продолжија второто полугодие во своите училишта во Општина Гевгелија. 
 
Деветмина од нив заминале со своите семејства во странство, додека пет се преселиле во друг град во Македонија.
Проблемот е најизразен во основното општинско училиште „Владо Кантарџиев“ каде двајца ученици заминале во странство додека петмина во други градови во Македонија.
 
Податоците ги добивме од Раководителот на Секторот за образование во Општина Гевгелија, Трендот на иселување трае повеќе години во Република Македонија, па и во Општина Гевгелија.
Оваа состојба, заедно со намалениот наталитет резултира со постојан пад на бројот на ученици во гевгелиските училишта. Од училиштата признаваат дека фактор број еден е економската ситуација.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *