109 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА Д-Р АЛЕКСАНДАР СИНГЕР-ГЕВГЕЛИСКИОТ ХИПОКРАТ

М-Р АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ ПОДГОТВУВА БИСТА КОЈА ТОЈ СО СВОЕТО СЕМЕЈСТВО ЌЕ ЈА ДОНИРААТ НА ОПШТИНАТА ЗА ДА ГЕВГЕЛИЈА ДОСТОЈНО МУ СЕ ОДДОЛЖИ НА СВОЈОТ ОМИЛЕН „ДОКО“
 
Гевгелискиот уметник м-р Александар Јанев, кој своето име го добил токму според легендата и доајенот на гевгелиското здравство, Александар Сингер, е при крај со изработката на бистата на омилениот „доко“, а откако ќе се излее во бронза, тој, заедно со своето пошироко семејство, истата ќе ја донира на Општина Гевгелија. Како што е предвидено, истата треба да биде поставена во дворот на Општата болница со посебна дејност во Гевгелија
 
Денес, на 22.02. се навршуваат 109 години од раѓањето на др. Александар Сингер, првиот лекар по општа пракса и интернист во Гевгелија. Нема постар гевгеличанец кој не го памети др.АлександарСингер. Епитетот доајен го заслужил зошто ги поставил темелите на модерното здравство во Гевгелија, а легенда зошто со своите дела на лекар,човек и хуманист се издигнал над сите други, по што ќе биде запаметен од повеќе генерации во сите населени места на овој гевгелиско-валандовскирегион.
 
Луѓето го паметата др.Сингер зошто тој целиот свој живот го посветил на својот лекарски повик, бдеејќи над животот и здравјето на своите сограѓани. Иако не бил роден гевгеличанец, со своето полувековно живеење во Гевгелија луѓето го прифатиле како свој сограѓанин.
 
Роден е на 22 февруари 1914 година во Сента, Војводина, Србија. Потекнува од средно имотна еврејска фамилија. Основно училиште завршил во Сента, а гимназија во Суботица. Студира на Медицинскиот факултет во Белград каде и дипломира во 1939 година.Заради неговата соработка со напредните кругови на студентската младина во Белград, Сингер два пати бил затворан во злогласниот затвор Главињача. Во 1941 година, како воен лекар бил заробен од германците и бил депортиран во германнски логор каде полни четири години ја минувал голготата на својот живот, до крајот на војната.
Во 1945 година во Македонија имало потреба од здравствен кадар.По свое барање др.Сингер доаѓа воГевгелија, каде започнува неговиот вистински живот заедно со гевгеличани како негови сограѓани,пријатели и пациенти.
 
Др. Сингер не бил женет, а неговото семејство, односно неговиот втор дом во Гевгелија е семејството на Васил Јанев, каде тој го поминал поголемиот дел од животот. Васил имал три деца, а најмалиот од нив, познатиот вајар Дане Јанев ја презел грижата за Докторот се до неговата смрт.
Др Сингер има голем допринос во изградбата и развојот на Медицинскиот центар воГ евгелија. На почетокот, Сингер работел во примитивни услови со 20 болнички кревети.Тојбил и педијатар, и гинеколог и акушер.Затоа го добил прекарот „народен лекар„.Одел во Серменин, Ума, Петрово, села кои во тоа време немале патишта. Му се случувало пеш да патува четири часа и да стигне во Валандово за да спаси човечки живот.Ги вакцинирал сите деца а со маларијата така речи успеал сам да се справи.
 
Покрај лекарската пракса, др. Сингер ќе остане запаметен кај гевгеличани и по тоа што, како активен шахист, тој бил основач на шаховскиот клуб во Гевгелија.Тој успеал во Гевгелија да ги донесе познатите шаховски велемајстори Глигориќ, Спаски, Гелер, Ивков.
Др. Александар Сингер починал на 83 години , на 2 април 1996 година. Тој и својот живот го завршил меѓу своите колеги лекари и персоналот во Медицинскиот центар во Гевгелија, каде поминал 40 години.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *