ЗАПОЧНАА АКТИВНОСТИТЕ ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА СТАРАТА ДЕПОНИЈА

Конечно, започнаа градежните активности за затворање на Старата депонија кај Сува река, крај Вардар, што претставуваше децениски проблем за гевгеличани, често се запалуваше и не ги исполнуваше еколошките норми и стандарди.
Како што е познато, Министерството за животна средина уште во јануари 2021 година имаше распишано Mеѓународен тендер за ревитализација на Старата депонија кај Сува Река. 
 
Најповолна понуда имаше бугарската фирма DEVELOPMENT HOLDING LTD Sofija Bugarija, но поради одредени нерасчистени позиции на учесниците во трилатералниот договор, со самата ревитализација оваа фирма започна деновиве. Подизведувач на работите ќе биде фирмата „Еуроинг“ од Гевгелија.
 
Станува збор за неискористените 420.000 евра од средствата со кои Грчката влада учествуваше во изградбата на Прочистителната станица. Со постигнатиот трилатерален договор меѓу Швајцарската, Грчката и Владата на РСМ за реализација на овој проект беше договорена и ревитализација на Старата депонија.
 
Со проектот за ревитализација на депонијата се предвидува изградба на уште еден заштитен зид крај Сува Река, покривање на стариот отпад со посебни услови и третман на целата локација. Предвидено е локацијата на досегашната депонија да биде уредена во зелена површина. Реализацијата ќе биде во соработка помеѓу ЈПКД „Комуналец” – Гевгелија и Министерството за животна средина.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *