ВО ГЕВГЕЛИЈА СЕ ИМПЛЕМЕНТИРА ПРОЕКТОТ „УМЕТНОСТ И ОБРАЗОВАНИЕ ВО ПРИРОДА СО ИЗВИДНИЦИ“ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ЖЕНИ ОД ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

Организацијата на жени од Општина Гевгелија од 23. до 30. јануари 2023 година, во нашиот град го имплементира проектот „Уметност и образование во природа со извидници“. За каков проект се работи, разговаравме со претставничката на Организацијата на жени од Гевгелија, Сузана Димитриева.
 
„Нашата невладина организација аплицираше и го доби проектот „Уметност и образование во природа со извидници“, кој е во рамките на Еразмус + програмата на Европската унија за образование, обука, млади и спорт.
 
Целите кои сакаме да ги постигнеме со овој проект се повеќеслојни, како што се, согледување на придобивките од шумите за екосистемот и зголемување на поддржувачите на зеленото движење, стекнување основни вештини кои придонесуваат за личен и социо-образовен развој на младите, уметничко образование на локалната младина преку користење на новонаучени методологии за неформално учење, како и претставување на културата и традицијата на земјите учеснички во овој проект.
 
Морам да напоменам дека ваков проект за прв пат се аплицира во Општина Гевгелија а наши партнери во овој проект се по осум претставници од невладини организации од Романија, Италија, Шпанија и Турција. Сите тие на крајот од проектот добиваат Сертификати за неформално учење.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *