ВНИМАТЕЛНО, ДЕНЕС Е „СИНИОТ ПОНЕДЕЛНИК“, НАЈДЕПРЕСИВНИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА

WEB Телевизија во живо

Третиот понеделник во јануари е прогласен за најдепресивен ден во годината, а се нарекува уште и Син понеделник. На овој ден, пишуваат експертите, почнуваат да се чувствуваат последиците од долгата зима, сметките во банка се празни поради сите трошоци околу празниците, а февруарската плата се уште не е на повидок.
 
Декември е месец полн со собири, прослави, семејство, подароци, храна, а многу луѓе се решаваат да одат на разни патувања и одмори. Покрај тоа, тука е и новогодишната ноќ, за која многумина трошат голема сума на пари.
 
Иако сето ова не правеше среќни во декември, еден месец подоцна, во јануари, се чувствуваат последиците – сметките се празни, некои се задолжија, предавањата во училиштата и на факултетите повторно почнуваат, се ближат испитните рокови, а работните задачи и деловните состаноци се натрупуваат.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *