УТРЕ ЗАПОЧНУВА ТРЕТАТА ЗИМСКА ШКОЛА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СЕМИНАР ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ПРИ УКИМ, ПОСВЕТЕН НА АЦО ШОПОВ

WEB Телевизија во живо

Утре ќе започне Третата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). Со учесници од 17 земји, зимската школа веќе е традиционална програмска активност на МСМЈЛК при УКИМ и се одржува виртуелно, а годинешното нејзино издание ќе биде во чест на великанот на современата македонска литература и култура, Ацо Шопов, по повод 100 години од неговото раѓање. 
 
Со неа ќе започне спроведувањето и на националната програма „2023, Година во чест на Ацо Шопов“.
Свеченото отворање на Школата ќе се одржи утре (23 јануари 2023 година, понеделник), на платформата Зум, со почеток во 9 часот, при што поздравни обраќања пред учесниците ќе одржат претседателот на државата и покровител на националната програма за чествување на големиот јубилеј, Стево Пендаровски и ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, по што ќе се обрати и директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *