УЧЕНИЦИТЕ ОД ШКОЛАТА ЗА ГИТАРА НА КОСТАДИН ДИНЕВ ЌЕ ИМААТ ВТОР НАСТАП ПРЕД ГЕВГЕЛИЧАНИ

Триесеттина ученици кои ја посетуваат школата за гитара под менторство на познатиотн басист на групата „Зијан“, Костадин Динев, во среда, на 25 јануари 2023 година, ќе го имаат својот втор настап пред гевгелиската публика. 
 
Концертот, кој е под покровителство на Општина Гевгелија, а помогнат од Фондацијата Ице Бегов, ќе се одржи во Народниот театар со почеток од 14,30 часот.
 
На својот прв настап пред публиката, во август месец 2022 година, со изведба на домашни и странски популарни песни, учениците ги разгалија срцата на присутните и докажаа дека трудот што го вложиле, доколку продолжат да вежбаат, ќе резултира со појава на некој нов гитарски идол на македонската музичка сцена.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *