СВЕТСКИ ДЕН НА СМЕАТА – БИДЕТЕ НАСМЕАНИ И ВАШАТА ДУША И ТЕЛО ЌЕ БИДАТ ПОЗДРАВИ

WEB Телевизија во живо

„Смеата е најдобар лек“, е фразата со која Индиецот Мадан Катаира го основа Светскиот ден на смеата во 1998 година. Се слави двапати годишно, на 10 јануари и на 2 мај. Докажано е дека смеењето е одличен лек против многу болести, пред се против стресот, кој секојдневно се зголемува во современиот начин на живот.
 
Целта на Светскиот ден на смеата е да ги поттикне луѓето што повеќе да се смеат. Ќе се чувствувате подобро, ќе го ублажите стресот, ќе ги намалите грижите и депресијата, а со тоа ќе го зајакнете и имунитетот.
 
Смеата го зголемува производството на лимфоцити и активноста на клетките кои ги убиваат клетките на туморот. Смеењето го зголемува нивото на гама-интерферон, протеин активен во борбата против секоја болест.
 
Смеата е лек бидејќи носи кислород во циркулаторниот систем и го стимулира лачењето на ендорфин (протеин кој се состои од 31 аминокиселина) и може да ја промени хемијата на мозокот на подобро. 
 
Исто така, беше откриено дека потрошувачката на енергија за неколку минути смеење е еднаква на количината на енергија потрошена по 15 минути вежбање на стационарен велосипед.
Кога се насмевнуваме, работат 15 мускули на лицето.
 
Истражувањата покажуваат дека во зрелата возраст се смееме околу 17 пати на ден, а најмладите тоа го прават околу 300 пати на ден. Жените почесто им се смеат на мажите отколку мажите на жените.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *