СВЕТИ САВА-НАЦИОНАЛНИОТ ПРАЗНИК НА СРБИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Српската православна црква и верниците денеска го одбележуваат споменот на Свети Сава, кој се смета за еден од најзначајните личности во српската историја. Савиндан се слави во чест на првиот српски архиепископ, просветител и творец на законодавството. Свети Сава се смета за основоположник на српската средновековна литература и заштитник на образовните институции.
 
Со свечена Светосавска академија, вечерва во Македонскиот народен театар ќе биде одбележан националниот празник на Србите во земјава – Денот на српскиот просветител Свети Сава.
Како што информираа од Српскиот културен центар во Скопје, Академијата ќе започне во 19 часот,
На Светосавската академија е предвидено обраќање на високи официјални претставници од државава, како и од Србија и од Република Српска.
 
Во соопштението се наведува дека со богата културно-уметничка програма ќе биде претставена културата, духовноста и традицијата на српскиот народ.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *