STEVE VAI, EДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СВЕТСКИ ГИТАРИСТИ, ВО АПРИЛ ДОАЃА ВО СКОПЈE!

Од „Авалон Продукција“ стигна вест за сигурно најспектакуларното рок шоу оваа година во Македонија. Во нивната објава на Фејсбук се наведува дека на 26-ти април во СРЦ Кале ќе гостува – легендарниот амерички гитарски херој, Steve Vai, кој за прв пат доаѓа во Македонија!
 
Како дел од листата на 10- те најдобри гитаристи на сите времиња, Steve Vai свирел и бил дел од студиските албуми на Frank Zappa, Motorhead, David Lee Roth, Whitesnake, Public Image Ltd… истовремено градејќи богата кариера како виртуоз со крајно индивидуалистички и иновативен пристап кон својот инструмент, 8 соло албуми и 3 Grammy награди.
 
Steve Vai доаѓа во Скопје по повод промоција на неговиот актуелен албум, Inviolate, кој изминатава година се позиционираше како број 1. на Hard Rock Albums листата.
Влезниците за овој рок спектакл ќе бидат пуштени во продажба од петок (20-ти јануари) во 9 часот наутро онлајн на avalon.mk и ширум продажната мрежа на Авалон Продукција по следните цени и категории, во ограничен број:
 
Партер – 1.500 денари
Трибини – 2.000 денари
ВИП – 3.000 денари

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *