СО ПРОЕКТОТ „СИТЕ ЗА СПОРТ“ ЌЕ СЕ РАЗВИВА СПОРТСКИОТ ДУХ ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ПРЕКУ ИНКЛУЗИЈА НА ЛИЦА ОД РАНЛИВИ ГРУПИ И ЛИЦА СО ПОМАЛ ХЕНДИКЕП

WEB Телевизија во живо

Проектот „Сите за Спорт“ првенствено е наменет за млади лица, со акцентирање на активности за поттикнувањето за здрав живот и здрави навики кај младите преку спортски активности за развивање на спортскиот дух во општина Гевгелија, преку инклузија на лица од социјално ранливи групи како и лица со помал хендикеп и лица со прекумерна тежина, кои заради разни причини не се опфатени со специјализирани центри кои се грижат со овие групи на лица.
 
Изведувачи на проектот се стручни спортски работници од спортски клубови од Гевгелија како и стручни соработници на СВАМ ( Спа и велнес асоцијација на Македонија, која е регионална организација основана во 2020 година.
Иновативноста во пристапот на овој проект е можноста на учесниците да изберат најмалку една од шест спортски активности со која би продолжиле и по завршувањето на овој проект.
 
За време на четиримесечните активности на секоја од трите групи, соработниците – инструктори во спортските активности, ги мотивираат учесниците за нивно активно и редовно учество со тоа што најактивните и најредовните учесници покажувајќи недвосмислена амбиција можат бесплатно да членуваат и ќе ги добиваат услугите од стручните тренери и по завршувањето на проектот. Така ќе се откријат и евентуалните скриени таленти кои учесниците ги имаат а не се свесни дека ги поседуваат.
 
Учесниците на проектот “Сите за спорт“ имаат неделен пристап до сесиите во теретана, шах, аеробик, кик бокс, пешачење и сесии за предавања за здрава исхрана со обучени искусни инструктори за деца и млади. Инструкторите тесно соработуваат со младите за да ги поттикнат да го диверзифицираат својот пристап кон физичката активност и здравиот живот. Сесиите за вежбање и советување опфаќаат широк спектар на активности, вклучувајќи вежби аеробик за подобрување на моториката, трчање, карате вештини за ментален и духовен баланс на телото, кондициони вежби, пешачење и планинарење во природа како и работилници за ментална благосостојба.
 
Проектот вклучува инклузија и на млади луѓе кои едноставно не можат да си дозволат спорт со професионални тренери од ранливите категории како и деца со пречки во развој (зголемена тежина), давајќи им позитивна здрава алтернатива на негативните влијанија околу нив.
 
При учество во различни спортски активности застапени во проектот, учесниците имаат можност да откријат и изберат која спортска активност најмногу им прилега и таа или тие да ги практикуваат и во иднина. Проектните активности опфаќат мерки и решенија за припадници од загрозените групи, посебно тие од социјално ранливите, на кои ќе им биде овозможено избраните спортск активности да ги продолжат и после завршувањето на проектот.
 
Учесници во проектот се млади од 15 до 19 годишна возраст. Проектот се спроведува во три четиримесечни групи во Општина Гевгелија, од септември 2022 до октомври 2023 година, во просториите на SWAM во Пионерски дом “Јосип Броз Тито”, Шаховскиот клуб “7ми Ноември”, Кик Бокс Клубот „Аждер“ и на терен во природа, без никакви финансиски партиципации.
 
Планираните активности се прикажани на https://www.facebook.com/swam.association
Изведувачи на проектот се стручни спортски работници од спортски клубови од Гевгелија како и стручни соработници на СВАМ.
Заинтересираните учесници може да се пријават за учество во проектот преку:
– e-mail : info@swam.mk , sitezasport@gmail.com ;
– со порака на Viber 070 808 468 и 070320232 или
– лично во просториите на SWAM во Пионерскиот дом “Јосип Броз Тито” на улица “7-ми Ноември” бр.50А во Гевгелија.
 
Проектот “СИТЕ ЗА СПОРТ” на SWAM се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот се реализира во партнерство со Општина Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *