СО ПРОЕКТ ОД ЕУ, ЗДРУЖЕНИЕТО „ЕКО ЛАЈФ“ ОД ГЕВГЕЛИЈА ВРАБОТИ ТРИ ЛИЦА ОД РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ НА ГРАЃАНИ

“Вработување на ранливи групи граѓани во производство на еко плочки за надворешна употреба и воспоставување на систем за правилно управување со отпадна пластика и негово одржување e проект кој се реализира од страна на Здужението за заштита на животна средина и едукација на деца и млади ЕКО ЛАЈФ Гевгелија во периодот од месец октомври 2022 год. до месец август 2023 год., изјави Драгица Чобанова, координаторка на проектот.
 
Проектот е со вкупен буџет од 17.000 ЕУР, кои се обезбедени од страна на ”Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” (ЦеПроСАРД), регрантиран од Европската Унија преку проектот “Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе”. Партнер на проектот е компанијата за управување со отпад Близнак – ком ДОО од Гевгелија. Проектот се реализира во Општина Гевгелија.
 
Овој проект е насочен кон промовирање на совесно управување со отпадна ПЕТ пластика и промоција на кружна економија, односно рециклирање на отпадна пластика и нејзина реупотреба во целосно нов сертифициран производ – еко плочки за надворешно уредување од отпадна ПЕТ пластика, за кое што производство се ангажирани/вработени лица припадници на ранливи категории на граѓани, кое производство/функционирање ќе биде со тенденција да премине во социјално претпријатие.
 
Главната цел на проектот е вработување на ранливи групи граѓани во производство на еко плочки за надворешна употреба и воспоставување на систем за правилно управување со отпадна пластика и негово одржување.
 
Конкретни цели на проектот се:
Намалување на отпадната пластика во Општина Гевгелија; Поголема вклученост на лица од ранливи категории преку нивно вработување во процесот на производство на еко плочки за надворешно уредување; Подигнување на јавната свест за предностите на развојот на социјалните претпријатија и вклучување на ранливите групи во заедницата како и Воспоставување соработка и вмрежување со Здруженија, приватни и јавни претпријатија со цел подобрување на социо – економските услови.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *