СО НОВОПЛАНИРАНАТА УЛИЦА ОД ХОТЕЛ „СЕНАТОР“ ДО АВТОПАТОТ Е-75 ГЕВГЕЛИЈА ДОБИВА УШТЕ ЕДЕН ПРИКЛУЧОК КОН АВТОПАТОТ.

Започнати се подготвителните работи за изградба на новопланираната улица од хотелот „Сенатор“ до клучката на автопатот Е-75. Овој капитален проект има значајна улога во целокупниот развој на градот.
Со оваа улица Гевгелија добива уште еден приклучок на автопатот со кој се олеснува движењето на граѓаните, а истовремено ќе придонесува и за развој на стопанските субјекти во Гевгелија.

Во проектот се предвидува изведување на подготвителни работи, изведба на долен строј, како и целосно асфалтирање. Исто така како дел од проектот за приклучување на оваа делница со автопатот и улицата крај „Милци“ е предвидено и изградба на нов кружен тек.
 
Оваа делница ќе ја поврзува улицата „Вардарски Рид“ крај Мотел „Вардар“ со веќе изградената улица крај „Милци“, исто така и со автопатот Е-75.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *