ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА БОГОЈАВЛЕНСКОТО ПЛИВАЊЕ ВО РЕКАТА ВАРДАР ТРАЕ ДО УТРЕ, СРЕДА, 18-ТИ ЈАНУАРИ

Градските цркви од Гевгелиското архиерејско намесништво заедно со Општина Гевгелија ја продолжуваат традицијата за положување на Чесниот Крст во реката Вардар, а по повод празникот Богојавление, односно Водици.
 
Сите граѓани кои се заинтересирани да земат учество во Богојавленското пливање и фаќање на Чесниот крст може да се пријават во Црквата „Св. Кирил и Методиј“ и Црквата манастир „Свети Спас“ – Гевгелија, најдоцна до среда, 18-ти јануари.
 
Осветувањето на реките на Вардар, македонскиот Јордан, и положувањето на Чесниот крст ќе се одржи во четврток, на 19-ти јануари 2023 година на мостот на реката Вардар во 12 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *