ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕЊЕ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА, БИЛ НИКОЛОВ И САМОТО ДВИЖЕЊЕ ПОДНЕСОА ТУЖБИ ЗА КЛЕВЕТА ПРОТИВ БУЈАР ОСМАНИ И МЕДИУМОТ 360 СТЕПЕНИ

На 27 јануари 2023 година, претседателот на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права Бил Николов и ММДЧП како организација поднесоа тужби за навреда и клевета пред Основниот граѓански суд Скопје, Македонија, против Бујар Османи, министер за надворешни работи на режимот во Македонија, и против 360 Степени, медиум во Македонија.
 
Османи и 360 Степени се гласно критични против сите кои ќе изразат несогласување со режимот и со американските анти-македонски политики, и нивното кршење на човековите права и граѓанските слободи. Тужбите се за кршење на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.
На 27 октомври 2022 година, 360 Степени објави отворено лажен, навредлив и клеветнички прилог за Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права и за претседателот на ММДЧП Бил Николов. 
 
Во интервју за БТВ, на 27 октомври 2022 година, кое беше објавено на 360 Степени на 28 октомври 2022 година, министерот за надворешни работи Бујар Османи изнесе целосно лажни, навредливи и клеветнички тврдења за ММДЧП и Николов. Османи продолжи со изнесување на целосно лажни, навредливи и клеветнички изјави и за време на неговата прес конференција на 11 ноември 2022 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *