ПОТПИШАН ПРАВИЛНИКОТ ЗА ФУНКЦИОНАЛНА ПРОЦЕНКА НА ДЕЦА И МЛАДИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

WEB Телевизија во живо

Со Правилникот за функционална проценка на деца и млади со попреченост се доуредува начинот на функционирање на стручните тела за проценка, начинот на вршење на проценката, како и начинот на остварување на дополнителната поддршка од областа на образованието, здравството, социјалната заштита и заштитата на децата и младите до 26 годишна возраст. 
 
Правилникот беше подготвуван во изминативе три години со меѓусебна соработка на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Министерството за образование и наука и Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост во Република Македонија, а со поддршка на УНИЦЕФ.
 
„Веќе се подготвува предлог Закон за единствен систем за проценка, со што лицата со попреченост само еднаш ќе треба да одат на проценка и со тоа мислење ќе можат да пристапат кон сите права кои им следуваат по основ на различни закони. Во план е воведување на професионална рехабилитација и работно оспособување. Нашата цел е лицата со попреченост да бидат вклучени на пазарот на труд, но и да ги задржат нивните работни места“, потенцираше министерката Тренчевска.
 
Според министерот за образование и наука, Јетон Шаќири Правилникот е важен инструмент за подигнување на степенот на инклузивност на националниот образовен систем. Како што рече, во него прецизно се дефинирани сите чекори од првично проценување на потребите на ученикот, до одредување на типот на поддршка и обезбедување на таа поддршка низ образовните установи.
 
„Полесно ќе се изработува индивидуален образовен план за работа со ученик со попреченост и модифицирана програма, а воедно и полесно ќе се дефинира инклузивниот тим, односно ќе се одредува каков тип на стручен кадар треба да работи со тој ученик, дали ќе биде потребна образовна асистенција, или пак ќе се ангажира личен асистент“, потенцираше Шаќири.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *