ОПШТИНА ВАЛАНДОВО НАЈАВУВА БЕСПЛАТЕН ПРЕСТОЈ НА ДЕЦАТА ВО ГРАДИНКИТЕ ОД ФЕВРУАРИ

Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов, преку својот Фејсбук профил објави дека во детските градинки во Валандово ќе се укине партиципацијата.
„Започнуваме со постапка за целосно укинување на партиципацијата на родителите, за згрижување на своите деца во детските градинки, на територијата на општина Валандово“, се вели во објавата.
 
Костадинов информираше дека општината целосно ќе ја покрие родителската партиципација со средства од буџетот на oпштината,а доколку помине кај советниците во Советот на општината, од Буџетот на општината се очекува да бидат издвоени околу 3 милиони денари, односно да биде покриена партиципацијата за сите 270 деца деца кои месечно ќе се згрижуваат во двете градинки во Валандово и Јосифово.
Според Костадинов, целта со оваа мерка е да се поддржат семејствата со деца на предшколска возраст, во време на енергетска и економска криза и да се зајакне солидарноста во заедницата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *