ОДБЕЛЕЖАНИ 15 ГОДИНИ ОД ТРАГИЧНАТА СМРТ НА ВОЗДУХОПЛОВНИОТ КАПЕТАН ИГОР ЃОРЕСКИ-ХЕКТОР

WEB Телевизија во живо

Денеска се одбележуваат петнаесет години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот Винг, кога армиски хеликоптер Ми-17 се урна кај селото Блаце, Катлановско.
По тој повод, пред спомен-бистата на воениот пилот, капетан Игор Ѓорески-Хектор во Гевгелија, неговите најблиски роднини и пријатели, како и делегација на општинското здружение на Сојузот на борците од НОВ и граѓани нивни поддржувачи, со положување свежо цвеќе му оддадоа почит на својот храбар сограѓанин.
 
Игор Ѓорески беше член на експедицијата АЛТЕА составена од 11 македонски мировници кои на враќање од успешно реализираната мисија во 2008 година настрадаа во хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце. Постхумно капетан Ѓорески беше одликуван за воен воздухопловен ветеран и прогласен за паднат борец, а во 2009 година постхумно му беше доделена највисоката општинска награда „7 Ноември“ за животно дело.
 
Инаку, армиски хеликоптер Ми-17 на овој ден пред 15 години се урна кај Катланово, на само 50-ина метри од последните куќи во селото Блаце.
Во услови на намалена видливост, поради маглата, хеликоптерот ја започнал постапката за слетување на аеродромот „Александар Велики“. На падот на армискиот хеликоптер му претходела експлозија.
Во несреќата немаше преживеани, а покрај капетан Игор Ѓорески, загинаа потполковник Тони Спасовски, водник Александар Васиќ, водник Александар Тасковски, заставник Тони Давитковски, постар водник Јанко Шириќ, мајор Горан Ристовски, десетар Златко Вељановски, капетан Бране Спасовски, водник Мики Ивановски и заставник Славчо Василев.
 
Игор Ѓорески е роден на 6 мај 1976 година во Струмица, каде го поминува најраното детство. Основно училиште завршува во Стар Дојран, а средно машинско образование во Гевгелија, каде живее се до запишувањето на Воената Академија во Скопје во 1995 година.Успешно ја завршува академијата во 1999 година и е произведен во чин потпоручник во АРМ. По промоцијата на офицер во македонската Армија, поставен е за командант на граничен вод во воената единица во Гевгелија. 
 
Врз основа на успешно командување и раководење со единицата унапреден е во чин поручник и поставен е за командант на караулата Богородица. Виорот на воените дејствија во северните делови на Македонија го поминува како командир на караулите Кодра Фура и Чашка и повеќе истурени пунктови на АРМ на подрачјата зафатени со воени дејствија.
 
Како успешен и перспективен пилот на АРМ, во во јули 2007 година е испратен во мировната мисија Алтеа во Босна и Херцеговина, заедно со своите колеги да го чуваат кревкиот мир во таа земја. За жал, повеќе не се врати кај своите најмили. За покажаните врвни резултати и беспрекорното извршените задачи во мисијата Алтеа, одликуван е од Комесарот за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, господинот Хавиер Солана.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *