НОВАК ЃОКОВИЌ ЈА ОСВОИ 10-ТА ТИТУЛА НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН И 22-ТА ГРЕНСЛЕМ КРУНА ВО КАРИЕРАТА

WEB Телевизија во живо

Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 10-тата титула на Австралија опен во Мелбурн, каде што го победи Стефанос Циципас со 6:3, 7:6 (4), 7:6 (5) во финалето на Австралија Опен. Со својата победа, Новак го израмни рекордот на Рафаел Надал од 22 грен слем титули.
 
Историското достигнување предизвика излив на емоции кај Ѓоковиќ, кој се качи во својата ложа за да сподели момент исполнет со солзи со својот тим, додека прослава исто така имаше меѓу српски навивачи на плоштадот Гарден во Мелбурн Парк.
 
Триумфот на 35-годишниот Ѓоковиќ, исто така, го запечати неговото враќање на број 1 на АТП рангирањето за прв пат од јуни минатата година. Ѓоковиќ ќе го замени Карлос Алкараз на првото место во понеделник.
 
Ѓоковиќ беше клинички точен во клучните моменти за да ја запечати победата во три сета и два часа и 56 минути за да го победи Гркот Циципас
По мечот, Новак се скрши како никогаш досега, пукна во солзи какви што не сме виделе од него секогаш кога освојувал Грен слем титула, или загубил финале, како што беше случајот во финалето на Австралија опен против Данило Медведев во 2021 година.
 
Но, оваа титула имаше посебно значење за Новак, особено по сето она низ кое помина минатата година, кога беше третиран како криминалец, затворен во хотел за мигранти, а потоа прогонет.
Трофејот на Новак му го врачи легендарниот Кен Розвел, кој на церемонијата дојде со специјално одело за тренинг, на кое беше бројот на 22. Грен слем титула.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *