НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈОТ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ЛИНИЈА ГЕВГЕЛИЈА-СКОПЈЕ

Нормализиран е сообраќајот на железничката линија Велес – Скопје, што беше во прекин утринава од 7 часот, поради излизгување на еден вагон од патничкиот воз кој сообраќаше на релација Гевгелија – Скопје кај „Кадина Река“, информираа за МИА од „ЖРСМ Транспорт“.При инциднетот нема повредени патници.
 
Во моментот на инцидентот во возот имало 150 патници, кои со друг воз се префрлени и пристигнале во Скопје во 8:35 часот, велат од „ЖРСМ – Траснпорт“.
 
Причините за вонредниот настан ќе ги разгледува Комисија составена од членови од „ЖРСМ Транспорт“ и „ЖРСМ Инфраструктура“, наведуваат од компанијата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *