НАЈЈУЖНИОТ ГРАД ВО МАКЕДОНИЈА E БИТОЛА А ГЕВГЕЛИЈА Е НАЈБЛИСКУ ДО ЕГЕЈСКОТО МОРЕ

WEB Телевизија во живо

Често пати ќе прочитаме или ќе чуеме дека Гевгелија е најјужниот град во Македонија. Сепак, оваа констатација не е точна и веројатно произлегува од тоа што Гевгелија е најјужен град по долината на реката Вардар, потоа град кој е најблиску до Грчката граница и до Егејско Море и еден од најтоплите градови во Македонија.
 
Инаку, според географската широчина, најјужен град во Македонија е градот Битола, кој се наоѓа на 41°01’45” или 12,5 км појужно од Гевгелија. По Битола, втор најјужен град е Ресен кој е на 41°05’20” или речиси 6 км појужно од Гевгелија.
На трето место е Охрид, кој по својата географска широчина од 41°06’50” е само незначително т.е. 3 км појужно од Гевгелија. Тоа значи дека Гевгелија (41°08’30”), по географската широчина, е 4-ти најјужен град во нашата држава.
 
Кога ќе прашаме пак, која населба во Македонија е најблиску до море, обично првата помисла повторно ни е градот Гевгелија. Сепак, прецизните мерења на сателитските снимки од најнов датум покажуваат дека селото Сретеново во Општина Дојран всушност е најблиску до море, поточно до Егејското Море. Неговата оддалеченост до северниот брег на Солунскиот Залив изнесува точно 60,25 км.
 
Најјужниот дел во атарот на ова село е и најблиска точка на Македонија до некое море, со само 57,15 км. На незначително поголема оддалеченост е селото Селемлија во Општина Богданци со 60,8 км, потоа Стар Дојран со 61,6 км, па следуваат селото Богородица (Општина Гевгелија) со 62 км, селото Стојаково со 62,6 км, а дури потоа е Гевгелија со 63,5 км.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *