НАД 100 ДЕЦА ЌЕ ЗЕМАТ УЧЕСТВО ВО „БАДНИКОВАТА ПОВОРКА“

НАД 100 ДЕЦА ЌЕ ЗЕМАТ УЧЕСТВО ВО „БАДНИКОВАТА ПОВОРКА“ ВО ГЕВГЕЛИЈА ПОД МОТОТО „БАДНИК ЗА СИТЕ – РАДОСТ ЗА СИТЕ!”

Манифестацијата „Бадникова поворка“ која претставува возобновена православна традиција на свечено и достоинствено најавување на Христовото рождество, и оваа година, по трет пат ќе се одржи утре, петок, 6 јануари во Гевгелија, во организација на Гевгелиското архиерејско намесништво.

Бадниковата поворка ќе тргне од пред црквата „Свети Кирил и Методиј“, по завршувањето на Светата Литургија, во 10,30 часот и ќе се движи низ централното градско подрачје, ќе поминат покрај зградата на Општина Гевгелија од каде што ќе се вратат во храмот „Свети Кирил и Методиј“, каде што сите дечиња ќе добијат пригодни подароци.

Како што ни изјави отец Русе Жековски, оваа година над 100 дечиња ќе земат учество во поворката пеејќи ја божикната песна „Вечниот Бог“ со која ќе ги известат граѓаните за радосната вест на Христовото рождество. и носејќи ја божиќната ѕвезда што ја симболизира ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус. Тие ќе ја носат и специјално украсената пештера на која е претставено Рождеството Христово. 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *