НА СПЕКТАКЛОТ ВО „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ УЧЕСТВУВАШЕ И РАКОМЕТНАТА ЛЕГЕНДА ОД БОГДАНЦИ МИТКО СТОИЛОВ!

Во Скопје вчера, во преполната сала „Борис Трајковски“ се одигра спектакуларен, ревијален, пријателски и хуманитарен ракометен натпревар помеѓу актуелната македонска репрезентација и легендите кои од 2009-та на секои две години ја носеа репрезентацијата на големите натпреварувања.
 
Младите ги совладаа ветераните со 25:21, иако резултатот беше во втор план бидејќи приходите од продажбата на билетите, ќе бидат донирани на „СОС Детско село“ од Скопје.
 
Во составот на златната генерација на Македонскиот ракомет, настапи и ракометарот на РК „Младост 1977“ од Богданци. По овој повод екипата на „Младост 1977“ му подари уметничка слика.
 
Инаку, Митко Стоилов кој е роден на 4 февруари 1983 во Богданци во својата кариера од 1998 до 2017 година, 16 години беше македонски репрезентативец, а освен боите на „Младост“, настапуваше и за екипите на Вардар, Металург, Тинекс Пролет и Работнички од Скопје, за Прилеп 2010, како и за странските екипи Загреб и Одорхеи..
Моментално, тој е претседател и главен тренер на РК Академија Младост.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *