НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1935 ГОДИНА ИЗЛЕГОЛ ПРВИОТ БРОЈ НА „МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ“ УРЕДУВАН ОД СМОКВИЧАНЕЦОТ АНГЕЛ ДИНЕВ

Меѓу двете светски војни, во Софија, Ангел Динев го издава и најзначајното македонско периодично издание „Македонски вести“ (24. I 1935 – 12. Х 1936). Ова издание, првин како неделно списание, а потоа како весник, било неофицијален орган на ВМРО(Об) кој ја афирмира културно-националната историја, особено од илинденскиот период, и ја развива македонската национална свест, литература, наука и култура.
Ангел Динев е роден на 1 октомври 1891 година во гевгелиското село Смоквица.
 
Во есента 1911 година Ангел Динев станал член на Околиски револуционерен комитет на Македонската револуционерна организација, а од мај 1912 година е секретар во четата на војводата Коста Христов Попето. По избувнување на Балканската војна во 1912 година, четата излегува на планината Кожув и учествува во борбите против османлиската власт.
 
Во 1921 година Ангел Динев се префрла во Софија. Таму работи првин како писар во Министерството за финансии, а потоа како контролор на трамваите. Во наредната 1922 година, тој ги прави првите чекори во новинарството
Следејќи ги нивните пораки за потребата од македонски печат, за негово „издигање, ширење и усовршување, и главно од еднокрајно разграничување на улогите на бугарскиот и македонски печат, при што последниот за Македонецот треба да биде евангелско четиво“, Ангел ја афирмира потребата од создавање на македонски литературен јазик, литература и историографија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *